е (гл.) - прими (гл.)

На 8 април 1993 Р. Македонија едногласно е примена во организацијата на ОН под привремено име Поранешна Југословенска Република Македонија како 181 членка заради енергичното противење на Р. Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Руската влада секогаш му дава полна слобода на рускиот печат да печати статии по сите прашања до тогаш до кога некое прашање се разгледува и не е примено никакво решение по него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На 10 јуни 1993 македонската влада го прифати предлогот на владата на САД да испрати контигент од околу 300 американски војници во рамките на составот на мировните сили во Македонија, каде веќе беа распоредени 700 нордијски војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Откако прашањето ќе биде исцрпено и по него е примено некакво решение, се испраќаат циркулари дека прашањето е исцрпено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- И Лиле секој ден одеше и тропаше по фирмите. Бадијала. Уште не се слушнало дека ќе примаат некого - тој веќе е примен.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)