е (гл.) - потпре (гл.)

Збрканост. Тласок. „Господи, па тој се уби!“ извикувам, и ги отворам очите и таму долу капетанот е потпрен на ракетата, со черепот расцелен од куршум, со отворени очи, со јазикот спружен помеѓу белите заби.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Недалеко од нив потпрен е на пенушка, црна и згрчена како ѕвер, книговодителот Стојан. Тој е потпрен в ноќ и во мисли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Главата ѝ е потпрена на нарамникот трески што ги носела и едната рака ѝ е поткрената кон челото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ѝ раскажа на Луција за случката со мотоциклот, онаа со возењето на едно тркало, но ѝ раскажа и за онаа ноќ кога јас ги забавував девојките качувајќи се на скала што не е потпрена на ништо; таа не веруваше, се смееше, се држеше за челото и велеше: „О, не, па тоа не е возможно! Не, не тоа никако не може да биде!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)