е (гл.) - открие (гл.)

Се посомневал дека динамитот е откриен и конфискуван, а Гркот затворен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Го стави дневникот во фиоката. Беше сосем бескорисно да помислува да го скрие, но може барем да знае дали неговото постоење е откриено или не.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вистината е и она што е откриено и она што е скриено, па сепак тие имаат право, зашто светот сака да го гледа убавото а од грдото го одвраќа погледот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во погледот можеше да му се прочита дека не му е право што му е откриено врталиште од друг – туѓ и непознат другар.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)