е (гл.) - изрече (гл.)

Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Настаните се иследени и пресудата е изречена: Македонците се престапници, јакобинци и убијци!
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, покрај ова, во 2005 година за прв пат е воведена и можноста оној работодавач кој двапати сторил една иста повреда за која му е изречена забрана за работа, да може да си ја откупи т.е. да ја замени со паричен надомест во износ од 150.000 ден. – по доставување на доказ дека средствата ги уплатил на сметка на Буџетот на РМ (чл. 259, ЗРО/05)!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)