е (гл.) - застане (гл.)

На сликата се гледа зградата на Кучешкиот пансион, слична на хотел, пред која е застанат Богдан; за ремник држи куче; крај него е неговиот другар Којо Пипиле кој му помогна да се вработи во Пансионот по доаѓањето од Чехословачка; и тој држи куче за ремник; над влезната врата, зад нив, е фирмата „Кучешки пансион” на која има нацртано глава од куче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зад еден збор е застаната целата природа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу сувото и суровото е застанато сега, вели, и гори, гори, така било од секогаш, така е и сега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ да ти е застанато на место.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Колку е лажен човечкиот срам и колку е застанат понастрана од лицето негово!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)