е (гл.) - гради (гл.)

Бонети започна на брзина да ѝ ласка како е убава, како е градена, какви ѝ се облините, лицето, бојата на косата, сјајот на очите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Не можиме да ризикуваме заради еден порнич, во кој што патем речено актерката не е ниту просек, свесно да се руинира организацијата на отпорот која што е градена со години.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Хотелот е граден уште во времето на Мусолини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Момата била фного млада. Погледал натака - натака, та рек'л: - Моме, таа кашча е нова, требува скоро да е градена. Ми па гредите и са ретки.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Он е зел јастето, та рек'л на аргатино да £ каже, ке е приел половина месечина и половина од ѕвездите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За това време овде, а особено во Мариово, Итар Петер бил све и свашта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)