дува (гл.) - и (сврз.)

Турскиот конзул секој ден протестира против исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана по неуспехот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зад неа сега - посилно дува и завива ветерот и се чини дека зад аголот на трошната куќичка некој липти и тивко потстенкува и плаче...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јајца в кавез петел чува. Девет дињи оро водат, во шупелка тиква дува и морков на тапан чука.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И секако, секој од нив го испробуваше својот микрофон, дувајќи и воздивнувајќи во него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Околу осум часот, ветрето од запад веќе имаше почнато да дува и заладуваше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Криминалките само дуваат и се пцујат под носот: кабила, бљад, гнида, целуј жаб, се хранат со газот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, како што се вели за некого дека откога ќе се попари од млеко потоа дува и на маштеница, така по оваа случка и Фигаро почна да бега дури и од мувите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)