дува (гл.) - силен (прид.)

И тоа не само наша, болка на целото село, на срцата на селаните, болка на небото, слушаш како дува силен ветар, времето чувствува и болка и радост, ветерот е немирен, час е тивок, час беснее низ селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Започнува да дува силен ветер одошто се откинува една гранка и му паѓа на главата, та го пробудува, но никако не го тргнува погледот од она место кај што ја сонува застаната Антица.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога дуваа силни ветрови одев во гостинската соба. Таму имаше вградено огниште кое никогаш за ништо не служеше, горе имаше кандило за украс, ќибрит, свеќа, една ламба и тоа беше сѐ, а долу немаше ништо поголемо послано, само рогозини, озгора ткаени килимчиња и секаде наоколу наредени ткаени перници полни слама.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дува силен ветер, ги витка трските, носејќи го стреловито чунот по водата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
5. Понекогаш на гробишта, кога дува силен ветер, ми доаѓаат солзи.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)