држи (гл.) - рака (имн.)

Шо да дојде, откаде да дојде, да се држиме рака за рака, шо се вели. Ние за вас, ама и вие за нас...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ќе треба да го ублажуваат со петстотини лири.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја држеше раката издадена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, тој така ја држеше раката и мижеше со едното око зашто така му изгледаше дека гулабите летаат пред неговата рака а тој ги турка напред.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чичкото ги држи рацете на коленици. Тоа се огромни раце, црни, испукани.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Понекогаш имаше необична желба да му го зграпчи гласот исто како што му ја држеше раката, за да биде уште посигурна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас само му ја држев раката во мојата за да му кажам дека ми е жал за него.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таа идеја почна да никнува во мигот кога тој влезе во гостилницата и кога го виде погледот во очите на Боб, кој продолжи како дух да го прогонува, додека таа му ја држеше раката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми ги држеше рацете завртени зад грбот и ме вртеше кон своето љубимче.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се запознавме – се викаа Лина и Ева. Започнавме разговор, но Отла ми рече дека е време за бањање, и ние тргнавме кон нашата барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека седеа, ги држеа рацете на стомаците, како така да ги заштитуваа плодовите во себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнат на шанкот, тој ја држеше раката на внатрешната страна од нејзината нога, одвреме-навреме лизгајќи го показалецот по неа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Глигор сѐ уште ги држеше рацете врз рамењата на Џемал-ага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Работи, ама како некој да му ги држи рацете. Ќе земе да делка, а секирата му стои чипаво. И наместо тој неа, таа него го занесува. Го шета наваму-натаму, ко опијанет да е човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам што да правам. Му ја држам раката оти ништо друго не може да ми досегне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цела ноќ Рада ја држеше раката на Томо, броејќи ги капките од инфузниот раствор кои капеа во неговата вена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не ти го кажав ни името - јас сум Хелвиг, ѝ рече и сè уште ѝ ја држеше раката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стаписано подзастана и се сврте назад. Чуварот уште ја држеше раката крената до слепоочницата во знак на отпоздрав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ги држеа рацете така едно време.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога заврши часот, кога тргнавме за дома, татко ми сеуште ми ја држеше раката. Сѐ до дома не ми ја отпушти.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Дачо ги држеше рацете свиткани под главата и гледаше во небото што час се отвораше, час се затвораше низ честакот од шумата низ која врвеа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Стражарот ќе ми ги држи рацете, а таа ќе ми гнете јадење, ќе ме клука ко гуска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми ја држи раката и не ја попушта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум заборавила како се оди меѓу слободни луѓе: како се држат рацете, како се крева погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни се држат рацете така, одвај дочекале да се фатат, да се разберат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака ми ги држи рацете со шмајзерот, а со другата ме дави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Генералот се поздрави со командантот и го праша сѐ додека му ја држеше раката: - До границата колку е далеку?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чичкото ги држи рацете на коленици. Тоа се огромни раце, црни, испукани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)