дојде (гл.) - прв (прид.)

Во тоа расположение дојде првиот пред цевката на Јована, но овој го пропушта два три метра и погледна во Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Подоцна ги посадив, беше крајот на април и, кон крајот од мај, дојдоа првите цветчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Пушчете и, нека дојде првиот сосем до стена, за да ми дојде мене поблизу третиот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа куќа ја наследив од еден мој близок роднина. Во нејзе стапнав кога дојдоа првите колонисти од Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набргу дојдоа првите читатели.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но едно утро, најпосле, од радиото дојде првата вест за крајот на козите. – Козите – ечеше енергичниот глас на спикерот – се заколнати непријателки на социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога дојде првиот список со парите за џепарлакот, на него нашите имиња беа напишани на грчки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дојдоа првите соседи. И тие ја молеа Мајка да замине со мене, макар што соседите ѝ беа, во тој миг, најзначај­ниот адут за нејзиното останување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)