дојде (гл.) - нејзин (прид.)

Но, пак до израз дојде нејзината бунтовност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и цвет кога ќе свенеше, чувствував дека губам дел од себе, од својот живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И калуѓерката Смилја не го напушташе манастирот. Дојдоа нејзините родители да ја земат дома, но таа се затвори во одајата и не излегуваше надвор, не сакаше да се сретне, да се види.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога дојде нејзиниот син сфатив дека се работи за мојот школски другар од Марен, Маренецот, идека мајка му има задача да изигра улога на посредник.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едно доцно попладне, само што таа замина кај своите, кај нас дојде нејзиниот татко.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Петра ѝ блазеше на Чана што го открила ова брложе каде таа ќе може да ги доварди дечињава додека не дојде нејзиниот закрилник Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега че дојдат нејзините гардисти и ќе не префлат преку рекава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)