дојде (гл.) - мој (прид.)

Дојдоа моите, а Стомачето како по сопствен план, запна да отидеме кај неговите во куќата за да ги запознаеме нашите родители. Го сторивме тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оттаму треба да дојде мојата надеж за некој иден живот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)