дојде (гл.) - еден (прид.)

V Сајм беше исчезнал. Дојде едно утро, а тој не се појави на работа: неколкумина непромислени го прокоментираа неговото отсуство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На сон ми е дојдена една црноока. Главата си врзува ем се огледува...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: (Уште замислено). Не можам да не мислам, мајко...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
После, поголемкото рече: „Дојде еден човек од туѓина и застана кај чешмата, се распрашуваше кај седи Софре Танески.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Ќе дојдам еден ден и пред твојата колиба, војводо. - се шегуваше шумарот со простосрдечниот старец, изненаден, зачуден, а и престрашен од првото доаѓање на џипот во планината. Но тоа беше пролетоска.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
САВЕТКА: Никако не кинисуваше... Но после, како што ти кажав, дојде еден човек и кажа, дека, Селман-ага имал собрано дома си Арнаути да ја граби...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Еден ден, на Свети Никола, имавме игранка, гледам среде селото дојде една чеза, а од неа се симнаа мојот школски другар од Марена и двајца полицајци бугарски, се симнаа и право се упатија на орото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Подоцна дојде еден француски генерал, беше ранет. Го лекуваа, го негуваа во едно албанско православно семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)