дојде (гл.) - друг (прид.)

- Не идам јас така? - одговори човекот и извади полномошно од султанот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но, ете, петтиот ден откога си отиде инженерот, дојде друг царски човек од султанот и се претстави за главен инженер.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нема време, му дојде друга мисла и не прекинувајќи го бришењето на главата што одново се оросуваше, го забрза чекорот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се упати кон зградата на митрополијата.  Градоначалникот седна на столицата што владиката му ја доближи и брзо му ја прераскажа средбата со Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А еве зошто: Пред неколку дни дојде друга група Италијанци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Ах, анасани! Ах, аврадини“, испсуваа двајцата крепоземци во битолскиот вилает и не можеа да се начудат на смелоста и дрскоста на оваа арамиска банда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И таман се утешија, дека кршил глава пак во Бугарија кај таа „ороспија“, му дојде друг абер од битолскиот кајмакам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Максим се согласи тој, Тодор Кусев да им биде на битолчани и прилепчани претставител, бил спремен и пари да даде, но само едно нешто барал од претставителот: да настојува на Собирот во Македонија да се постават тукашни владици, македонски, наши; Зашто рекол, не ги бркаме грчките владици за да дојдат други, од јабана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но дојдоа други времиња во времето на комунизмот. Се урна култот на Сталин.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Крај мора да има на едното, за да дојде другото на неговото место – објасни старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Време на зреење. Време потребно за да дојде друго време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дојдоа другите шофери и со раце и нозе и лопати го исфрливме снегот и патот го отворивме сѐ до горе каде завршува кривината, до превалот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сетнем, дојде друг. Го фатија, го распнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ФЕЗЛИЕВ: (Со горчина и резигнирано.) Наместо да се залажуваш со тоа, синко, подобро е да избегаш, додека не дошле другите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Другиот му рекол: - Е, задоцнивте, браќа, пред вас дојдоа други, му рекол и не оставија ништо за вас.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Утрото дојдоа други пазарџии од кај нас. Со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дојде друга птица со глас на Спиро Првославец и кажа дека сега знае, пресметал, утре пред ноќ дружината ќе биде во Лесново.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Лежи. Ќе запалам оган. И не срами се - сакаш ли малку ракија?“ Сакав вода и молчев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште еден час, рече, и ќе дојдат други двајца со слични кокошкини идеали, моите нови пријатели, Јанкуло и Мануш, другарите Каин и Авел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко цврсто веруваше дека ќе дојдат други времиња и луѓе, ослободени во толкувањето на минатото врз основа на митовите и легендите, ќе ја припитомат насилничката историја Времето брзо минуваше, а Татко и Камилски се чинеше дека сѐ повеќе се оддалечуваа од мисијата да го одредат местото на поимот курбан во листата на непожелните зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А таа влече со себе подароци што ќе гои има за луѓето секогаш и подоцна, кога по неа ќе дојде друга: Патила, чинови стрелања и бесења, пијанство од слава и мамурлук на пораз.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Си остана пак сам даскалот Бино, а на местото од дедот поп Глигорија седна поп Петко додека дојде друг прота.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една, една нека биде. По неа в година ќе дојде друга, трета и така народот ќе се пробудуа по троа, по троа. Ногу убаво си намислила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Може ќе дојдат други, има неплодни краишта во земјата има и гладни и сиромашни луѓе, ама од нашите не ќе навабат други за тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дојдоа други времиња, други, туѓи знамиња се извишуваат над градот. Но никогаш вистинското!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе дојде друг пат. Зимоска, на пролет, другото лето... Неговата работа бараше неограничено време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но почна Војната, власта се смени, дојдоа други полицајци, со подруги задачи, а случајот со убиството на Ролан го прекри правот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ох, толку нови умирачки поминаа наеднаш по улиците! Толку мајки останаа без синови!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во трето одделение ни дојде друг учител.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И Славко ќе дојде друг пат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Директорката те поздрави, Миле, имала семејна работа па ќе ти дојде друг пат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И кога велеше - белки ќе дојдат други времиња - јас во тие штури, навидум сиромашни зборови, гледам само бесконечно траење, а во бојата на гласот – триумф!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Желбата му се исполнила, но набргу дошла друга и тој посакал да биде селски кмет.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)