дојде (гл.) - Грција (прид.)

Кога нашите го истерале грчкиот поп, како што знам по кажување, во селото им дошол грчкиот владика, некој си Стаматијадис.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Уште есента дојдоа грчките андарти (кои пред две три години ги поклопија селата: Градешница, Будимирци, Старавина, Бзовиќ и Груништа, оние каде што Толе паша собра најмногу востаници на востанието за да го брка Турчинот) на манастирот свети Илија во Мелница и ги заклаа сите петмина момци со десетгодишното дете на маѓерот Стојка, оставајќи го дедот Сталета сам во неговата кула, откако им вети дека и тој ќе се погрчи и ќе им помага во нивното „свето дело".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
По некој ден во селото дојдоа грчки службеници придружувани од џандари и во тефтерите досегашните турски поданици ги запишуваа како грчки, додавајќи им на старите родовски презимиња: - ос, - ис, - у.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)