дојде (гл.) - јас (зам.)

Кој сака нека дојде јас одовде не мрднувам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Та затоа сум дојден јас, стрико Крстине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во почетокот беше небо и земја. Па дојдоа тие. Па дојдов јас. Каде тие, таму ние.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога дојде јас право чорапите ѝ ги покажав, а таа се изненади и ми рече: Па, ти си уште малечка, како си можела да ги сплетеш?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На, жими вера, затоа дојдов јас.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ако не дојдеш ти, а како што гледам нема наскоро да дојдеш, ќе дојдам јас да те посетам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)