дочека (гл.) - тој (зам.)

Професоре, утринава се случи тоа што сакам да ти го раскажам, ме дочека тој мој сосед Науме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Загледана во измиениот филџан што го стави да се исцеди, таа само за миг сети како ја пронижа очаен страв дека нема да го дочека тој почеток на живеењето, дека ќе ја снема пред повторно некој да ја посака со потреба насушна како глад по леб, како жед по вода, како порив за слобода.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Андон одвај го дочека тој предлог, бидејќи и тој цела зима преседе како глушец в дупка кај дедот Паленѕа на колибата, та и нему му се заминуваше преку Дуње, да ја наѕре Андоница и децата. Само Стојче се понамурти, но не одрече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)