доцни (гл.) - хонорар (имн.)

Работи кои е подобро да не ги знаеш што навистина мислат другите за тебе; како се произведува (детска) паштета; како изгледа твојот стомак, од внатре; што сè го возбудува твојот партнер; каков е, како човек, твојот омилен писател; кој се крие зад никот на оној што ти остава злобни коментари; дали ако уплатеше ќе се паднеа баш тие бројки; што ти мислам..; кој е убиецот, на почетокот од филмот; колку ќе ти доцни хонорарот; што се случува зад сцената во театар; како котираш во еволутивни рамки; на што сè се подготвени некои твои блиски луѓе; кога и од што ќе умреш; што би било кога би било. дали сево ова има некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)