дофати (гл.) - некој (зам.)

Ја пикнав раката до над лактот под карпата, ширејќи ги прстите да дофатам некоја риба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како идат така си одат... - ги пушташе рацете да дофати некое, да гушне, но луѓето вдадени во веселбата, не ѝ обрнуваа внимание...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа рака честопати знаеше да дофати некоја ситна работа и да ја повлече, а откако ќе го оставеа дуќанот, оној ќе го извадеше украденото и ќе им се фалеше пред сите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се поткрена со раце на рогозината да дофати некоја смисла на ова издробено вревење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)