дотера (гл.) - до (предл.)

И тоа ќе бидеме многу стари. Ма, Срцка, ќе дотераме до стотка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го изми до светнување, го наполни со вода и испи едно шише, уште едно, уште едно, испи четири шишиња, пет – и најпосле дотера до десет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ме дотера до гнев. Мојата љубов кон него се претвори во омраза, а омразата премина во рамнодушност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се ожени и се оддели, Лазар ми остави 25 овци. Полека, полека, докупував. Ги дотерав до шеесет и пет.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)