достаса (гл.) - во (предл.)

Тој ден, кога Атанас Дамчески молеше и лелекаше на Молитвена Вода, остана за приказ во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но токму тогаш, кога беше сè подготвено за освештувањето, одненадеж, рано во недела, достаса во Потковицата Партениј, божем за да го собира владичиниот, а навистина за да го изврши осветувањето, милум или насила.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
До Цветници, кај да е, Хаџи Ташку ќе достаса во Потковицава, божем за да свети вода, вели Максим.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Достасаа во Потковицата едночудо луѓе, агенти, од Тополчани, од Прилеп, од Битола, и сите од ред го распрашуваа за Јована и за неговата придружничка, но најмногу, нив, железничарите ги товареа: зошто уште веднаш не го пријавиле Јовановото заминување?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, властите се распрашуваа што правел Јован за сето време во војната, дали нависитна тој ја растурил бомбата од Црн Камен, дали одел често на станицата и на Битолско Џаде, и дали тогаш, при одењето од Потковицата, го отворил пред некого од нив куферот или дали само му кажал на некого навистина што носи внатре, во куферот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се врати од војска, по три години, не поседе в град ни три недели, туку еднаш, во делник, сред лето, во време жетва, неочекуван од никого достаса во Потковицата; првин бил дома си, се видел и се избакнал со деда си Блажета, потоа собрал фотографии од сите домашни, и - се огласи од Молитвена Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)