допре (гл.) - го (зам.)

Ако некогаш патот ве нанесе на местото кај што вишнеел храмот - Кула, допрете го увото до земјата за да ги чуете болните и покајни гласови на фрлените во длапката, за да ве намовнат нивните пискоти, молитви и риданија, нивните подземни страданија и окајанија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
7.6 Стоев така збунет И ми се јави Мајка И ми рече: Крени ја раката, Допри го моето чело!
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Допри го моево тело и скриј ја булкава црна јагленосана в гради, за да не се срамам, гол пред тебе, за првпат.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Допри го црвчето со жарче, ќе се свитка. Тоа го велиш е страв?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)