дополни (гл.) - свој (прид.)

Сокол Мечевски трагаше по клучни докази од сиџилите, за причините за исламизацијата на христијанското население, почнувајќи уште од ХVI-от век, за да го дополни својот научен труд, со кој уште поодамна беше докторирал, но постојаного одлагаше објавувањето на книгата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Други вешти прогнозери, рибари идеа кај него да си ги проверат и дополнат своите предвидувања.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој сѐ уште настојува да си ја дополни својата архива со документи, а и со усна историја, како што вели самиот, но јас немам веќе волја да се среќавам со него, ни со некој друг, за пак да се враќам на почетокот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Впрочем декември е зимски месец“, го дополни своето размислување за тој временски парадокс.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сакајќи уште толку да го дополнат својот статус на мачо, ја викнаа другарка им со уште неколку скапи кокети.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)