допадне (гл.) - во (предл.)

Таа се сврте кон мене со зачуден израз на лицето. Нешто не ѝ се допадна во тоа што ѝ го реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но Византија најмногу настрада од народот Бугари, од монголско племе, што опустошуваше сѐ што ќе му допадне во Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А можеби и друго да се случи: воопшто да не се распрашува кој зошто допаднал во затворот, ами просто напросто да нареди сите да се фрлат во морето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)