донесе (гл.) - многу (прил.)

Беше тоа еден од оние ситни ѕидари, кои никогаш не се одделуват од чекичот, мистријата, висакот и поличето, и на кои тоа никогаш не било во состојба да им донесе многу, сѐ до еден ден, кога...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Твоите зборови овде, за разлика од нивните, можат да ти донесат многу непријатности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)