донесе (гл.) - пари (имн.)

Тој си дојде дома, најверојатно од Архивот, по кобниот ден кога ги донесе парите, предвреме, од тие клети сиџили кои, откако тој ги спаси, еве како го заробија неговиот живот, си редеше Мајка семожни мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Прво: снаата ќе донесе безброј бакшиши што и накупувал бегот дури била кај него; ќе ги донесе парите што и ги давал при секое пијанство кога го служила и кога ја погалувал; ќе донесе руба направена од него, а уште повеќе: бегот си останува и понатаму нејзин побратим.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Co зорт и мака се печалени и ќе одат тамо каде му е местото, — зборуваше Толе кога Бешот ги донесе парите од продадената Етимова стока.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ти донесе пари, ќе ти се посвети куќата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
ТРОШЧЕЈКИН: Бладања. Измислици. Ако денес не ми донесат пари, јас не ќе ја преживеам ноќта.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Мислев да напишам некој есеј, Дали Киклопите намигнувале и како, кој ќе ни донесе пари и овозможи да одиме во Мајка ми Пич?“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Бабо, - ѝ реков, - дојдов да ти се извинам за она што го стори нашата банда, и да ти ги донесам парите со кои ти ќе можеш да си го поправиш прозорецот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ќе донесам пари и ти ќе имаш пак крава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа со недели се подготвувавме за големиот настан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Карневалот требаше да нѐ развесели, но и да донесе пари за болницата од посетителите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Трчајте в село и што поскоро да ми се донесат парите, оти, жими вера, имам и друга работа. Ајде!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татко успеваше да донесе пари колку што ни требаше за нашата живејачка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)