донесе (гл.) - збор (имн.)

И Татко и Камилски, без дополнително да се договорат и да ги сообразат своите истражувања за новите зборови од листата, сега трагаа и по позитивното што можеа да го донесат зборовите со однапред пропишана негативна конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа ќе се случи и со Татковото третирање, според утврдениот поредок со Камилски, на зборот табиет, табиетлија, преземен од турскиот јазик (со арапско потекло) tabiat, tabiatli, присутен во балканските јазици со значење на нарав, ќуд, природа, карактер, обичај, навика.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)