донесе (гл.) - ми (зам.)

- Донеси ми ја таа книга да ја прочитам, - вели стариот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Донеси ми ја заедно со сликата. Мене ми е доста тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Турчинот ќе ни дојдеше во куќата, ќе се најадеше, ќе се напиеше и ќе ни речеше: Бре ѓаур! ај донеси ми тоа и тоа! – ќе му одговоревме: Сега, беим!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една вечер му рече на деда си: - Дедо, донеси ми ја онаа ѕвезда. Сакам да си играм со неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И тој седна крај шанкот. „Шунка и јајца“, ѝ рече на девојката „Кафето донесете ми го сега.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога тој се врати со списокот на јадењата, авторот го зеде, го држеше на масата како поттурнат в десно, некако далеку од себе и му рече: „Слушај! Додека јас читам, донеси ми едно шише бела Александрија!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Што сакав да ти кажам? А, да. Донеси ми го текстот најдоцна до дваесетти. Па овој четврток, да. Прекутре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Признавам, сфаќам зошто некој би се смеел на сцени како онаа кога Феј Данавеј ѝ довикува на ќерка си: „Тина, донеси ми секира!“
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Невесто! - ѝ рече на снаа му Евто. - Донеси ми ги склопците со пиперна солца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: (На Неда.) В кујна. И донесете ми јаже за оној пес.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Внимателно и да не те сети. Куршумите донеси ми ги мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сестра ми ќе го чекаше на портата и ќе викаше: Ајде тате дојди, донеси ми бомбонче, додека јас си велев – е, блазе ти стебе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Донеси ми вода. - Добро, Јоне, ќе ти донесам, велам, колку сакаш ќе ти донесам вода, само не пијај отрови, не пусти си ја душата, не пусти ми ја и мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)