донесе (гл.) - го (зам.)

Донеси го веќе тој ден судбоносен избави не од проклетијата вечна избави не Господе од овој коњушарник стадото не може повеќе да чека
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Барај, во долапчето има цефче! Донеси го! –викаше Невена колку гласот што ја држи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Откако уште првиот пат, сето јаделиште што го донесоа го разделија, најправедно што можеа без да прават разлика помеѓу војник и офицер, додека седеа стуткани еден до друг во окопот на земја, им се приближи она едно Илија од Русе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Данчо, земи го предметот што падна под клупата и донеси го! - со ист, тврд, метален глас, заповеда учителот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
АНЃЕЛЕ: Ано, донеси го куферот понаваму.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: И, како било, да ти дадеме. Досега пиеја маживе пак рекоа да го фрлам, да побрзаат да каснат пак да излегуваме. Кате, донеси го пагурчето!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: Митрејце, донеси го пагурчето ракија да се напиеме со Котета. (Прави цигара и му ја дава кутијата на Котета).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кате, донеси го леѓенот и ѓумчето со вода да се измиеме, дан дојдат некој вака да нѐ најдат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Е, па ајде! Дојди ти кај мене дома и донеси го, па ќе видиш. Отидовме кај неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сестра ѝ Роза беше дома и бидејќи имаат една заедничка соба, имаше мали расправии околу тоа кој ќе биде во неа, ние или таа, оти Мила не сакаше да чуе патувањето да го спроведеме пред сведоци.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Јас ќе ја држам, а ти донеси го спрејот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Донеси го кај мене в кревет. Да се стопли, бабо. Така заедно ќе оздравиме.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ако е дома, Ве молам донесете го овде. Ние само сакаме да му помогнеме.“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Донеси го коњчето да го товариме!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Донеси го сега јајцето, вели Григор Бакалот, и донеси ја урката со јајцето. Сега ќе амкаме, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Фотоапаратот! Трчај, донеси го, врати се, и побрзај низ брегот, снимајќи, менувајќи го филмот, снимајќи додека...
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Тоа стори го, она донеси го. Ама, не тука! Ваму несмаснику! Така. А сега, тргнете се за да го наместам“.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)