долета (гл.) - и (сврз.)

И само што бил готов дворецот, долетале и самовилите од Беласица со своите бисерни ковчежиња полни со мртви очи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само да е убаво времето, па да се искачиме на Гола Глава, па овците да пасат околу нас, да треперат ѕвончињата, а небото да биде сино и мило, само некое орле да се гледа во височините, па да седиме и јас да ти ги покажувам далечните планини, Пирин се гледа оттука, и Рила се гледа на север, Беласица можеш да ја видиш, и сѐ се гледа, и од некаде ветре долетува и носи миризби од некоја далечна гора, од некој нестопен снег, па ти е мило, па ти се сака да ги рашириш рацете и да леташ...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чанга се врати! Ечеше неговата песна во градот, како некогаш револуционерните, победничките. Долетаа и козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)