долета (гл.) - во (предл.)

Знаеше Тој дека има и птици - еретици, кои откако ќе долетаа во родниот крај слетуваа право во пазувите на девојките.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Радосни штрковите си тргнале и си се упатиле секој род и фамилија за својот вилает, а Силјан со Аџиовци си долетале во село Коњари здрави и живи.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Уште многу зборови нека долетаат во твојата ветерница!..
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
6.1 Крилест коњ долета во сонот Со грива од пролетните откоси во полето Со стишени громови во копитата Со здив на длабока гора во ноздрите.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Историјата ќе покаже дека тој ќе долета во својот палестински кафез кој ќе биде будно варден од својот смртен непријател јастребот, израелскиот владетел Ариел Шарон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXIII Мојата последна официјална средба со Јасер Арафат се случи есента 1989 година кога тој беше во зенитот на својата мировна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Откако ја прогласи за ништовна повелбата на Палестинската ослободителна организација, со која потврдуваше дека оружената борба е единствениот пат на ослободувањето на Палестина Арафат сакаше на крилјата на мирот еднаш засекогаш да долета во слободната држава Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)