докаже (гл.) - факт (имн.)

Фактите чие постоење законот го претпоставува не треба да се докажуваат, но може да се докажува дека овие факти не постојат, ако со закон не е определено нешто друго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нема потреба посебно да се докажува фактот дека оваа промена навистина се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако судот, поради било која причина, не работи на денот на закажаното рочиште, е должен да го објави на својата веб-страница и на видно место во судот, денот и часот на одржувањето на новото рочиште, а странката е должна да се информира за истото (чл. 126, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не треба да се докажуваат фактите што странката ги признала пред судот во текот на парницата – но судот може да нареди да се докажуваат и вакви [неспорни] факти, ако смета дека странката со нивното 159 признавање оди кон тоа да располага со барање со кое не може да располага.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Секоја странка е должна да ги изнесе фактите и да предложи докази врз кои го заснова своето барање или со кои ги побива наводите и доказите на противникот (чл. 205, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во поканата судот ќе им укаже на странките за последиците од изостанувањето од подготвителното рочиште, како и за тоа дека се должни, најдоцна на ова рочиште, да ги изнесат сите факти врз кои ги засноваат своите наводи, да ги предложат сите докази со кои ги докажуваат фактите, да ги приложат сите исправи и предмети што имаат намера да ги употребат како доказ и да се изјаснат за тоа дали се согласни спорот да го решат во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не треба да се докажуваат факти што се општопознати [facta notoria] (чл. 207, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)