дознае (гл.) - во (предл.)

Таа имаше само шеснаесет години кога дозна во еден манастир, Нотр-Дам де Сион, близу до Истанбул, каде што учи француски, музика, виолина и пијано дека нејзиното семејство ја свршило за еден млад човек од албанската аристократија кој тукушто ги беше завршил студиите по политички науки во Истанбул.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
XII Кога дознаа во партијата за името на нашата коза Сталинка, тврдокорните идеолози во себе се противеа, но не можеа јавно или на друг начин да реагираат интимно страхувајќи да не бидат разбрани дека се против големиот брат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Петрович, навистина, по саботата, сосем го беше искосил окото, главата ја држеше наведната надолу и беше мамурлија; но и покрај сето тоа, само што дозна во што е работата, како да го штрекнал ѓаволот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Остануваше ЕДНО, или НИЕДНО решение на мојата сложувалка, и јас бев на добар пат и двете опции да ги дознаам во утешувачки блиска иднина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се надеваше дека ќе прочита некој збор за неа во црна хроника, па така барем ќе дознае во кого се заљубил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)