дозволи (гл.) - ми (зам.)

Пред тебе сега свеќа гори, собата ја осветлува, дозволи ми да бидам пламенот, светлина твоја во темнината.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Но, причекајте. Дозволете ми да ви дадам една од овие таблетки.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доволна казна е што се сеќавам на тоа што го направив, а уште повеќе на тоа што остана недоречено и непроживеано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
“И знам дека никогаш нема да заборавам, но дозволи ми да простам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Дозволи ми само уште една голтка од виното на љубовта, па нека ме нема...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
МАНОИЛ: (Тргнува кон неа) Дозволи ми да ти се поклонам!(Клекнува)
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ако веќе не можам да го достигнам врвот, барем дозволете ми да се гордеам што сум го допрела дното (којзнае, можеби некогаш некој, ќе го заврти песочниот часовник).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Краста (Со прстот покажува на првото прасе): Дозволи ми најпрвин да ти го претставам Цики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само, дозволи ми и јас да ти доделам нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите кои веруваат дека ќе бидат бесмртни преку она што го создале – сеедно дали се тоа децата што ги изродиле и кои преку својата крв ќе ја пренесат нивната крв, или пак тоа се уметнички и научни дела – сите тие ужасно се лажат дека така си ја обезбедиле бесмртноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И, дозволете ми да додадам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Парацелзус го испрати до работ на скалата и му рече дека секогаш е добредојден во неговата куќа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дозволи ми и натаму да ја гледам пепелта. Ќе се вратам, кога ќе станам посилен и ќе ти бидам ученик, и на крајот од Патот ќе ја здогледам розата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)