доживува (гл.) - го (зам.)

Авни забрзано возеше кон Драчево, длабоко доживувајќи го, кој знае по кој пат, она што се случи пред десетина дена: смртта на Стерјо, брат на неговата љубовница Сања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)