доживее (гл.) - ист (прид.)

Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По неколку години од овој трагичен настан и самиот Фазли паша ја доживеал истата судбина (задавен со свилен гајтан) во истите одаи на својот Сарај.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нејзината особеност е и тоа што можат повеќе луѓе одеднаш да доживуваат иста поинаква стварност.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Човек го доживува истото блажено смирување, но без никакви слабости.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Козите ќе ја доживеат истата судбина како и сите противници, другите дисиденти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Елена, како и Невестата, е вплеткана во една инцестуозна врска (поточно, станува збор за двоен инцест: прво со едниот од своите браќа, а потоа со Дејфоб, братот на својот прв маж); ќе ја доживее истата трагична смрт (била обесена); поистоветувана е со дрво (на Родос, Елена е почитувана под името Дендритис - божица на дрвјата): и Невестата, според зборовите на Duchamp, е “како дрво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Приказната за Елена, преубавата ќерка на Зевс и Леда, содржи изненадувачки поклопувања со приказната за Невестата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)