довикува (гл.) - мајка (имн.)

Претпо­ставувавме дека таа понекогаш речиси насоне ја довикува мајка си која никогаш не ја видела во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Забави чекор, подзастана за миг и шепнешкум рече: - Кутрата...мора многу да ја боли штом толку жалосно си ја довикува мајка си...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во шпанските и во турските серии, сите Селми и жени со име Долорес, со изобличено тело и растегната уста и врат кој пука ја довикуваат мајката и Господ на помош, а го молат, па и го проколнуваат суштеството кое не сака да излезе, силно вгнездено во матката, на сигурно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)