доведе (гл.) - од (предл.)

Го слушаме капетанот, вреска силно и наострено, а крај него толкувачот, што го довеле од некаде, преведува: - Трпението дотраа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Имено, потковичаните, дојдени или доведени од сите краишта на Македонија, лека полека се свикнуваа едни на други и лека полека ги прифаќаа, како свои, традициите на староседелците: почнаа да им се придружуваат во чествувањето на светите води и места, ги прифатија обичаите сврзани со Латинска Црква, го прифатија Свети Никола Летен за заеднички селски сведен, а Турците се однесуваа како сето тоа да се правеше во нивна чест.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)