доаѓа (гл.) - само (прил.)

Вистинското пријателство е шепот на душата, ништо не може да го замени, за ништо не се дава, доаѓа само.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Такви крикови доаѓаа само од жеравите кога, есење, го надлетуваа селото. Од селото ја изнесуваа Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жената се налути. – А кој сте вие, по ѓаволите? Сатурн ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Големото оро, она што доаѓа само од себе, она што не го создаваат мислите, ами проникнува од конците на желбите, и не само човекови, она што времето и просторот ги фрла многу далеку, тоа оро не е како обичното машинско тркало што се врти само околу својата оска.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа спокојство не доаѓаше само однадвор, туку зрачеше и од домаќините.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Глигор помисли на доктор. Но докторот доаѓаше само еднаш во месецот, бидејќи беше одреден за неколку населби, длабоко растурени во пустината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Четвртиот ден му се јави една Андалузијка, која доаѓаше само да го исчисти станот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)