доаѓа (гл.) - небаре (прил.)

Ја виде како доаѓа небаре волшебно привидение - девојче со најчудесна коса како зрело жито и со темни очи, очи со црнки светнати како светулки низ летната ноќ...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Да не останеше Мајка во овој дом, да не му останеше верна на Татковиот аманет, ние, децата, не ќе знаевме за сите овие наши толку блиски луѓе кои доаѓаа небаре да посведочат дека се живи, дека сме и натаму заедно, големо распрснато семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)