доаѓа (гл.) - дома (прил.)

Кај Томо очајот растеше од ден на ден. Секој втор ден доаѓаше дома со надеж дека ќе ја сретне Рада, или ако ништо друго очекуваше абер од Душка која ќе го израдува со нова вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И додека некои од селаните гледајќи ѝ го мевот, се потсмевнуваа и си дошепнуваа, дедо му на Богдан, татко му, мајка му, се радуваа што невестата им доаѓа дома проверена и со сигурност ќе им ја зарадува куќата и ќе им ја продолжи лозата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јасна си доаѓа дома, па по кратка инспекција сфаќа кого затекнала и во каква состојба.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Матеј ми телефонираше: „Ајде, мамо, доаѓај дома, па јас да дојдам да седам покрај тато“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како ќе го трпам да ми доаѓа дома, да му готвам јас, да го гледам секој ден? Ами оти да се мачам така?“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Доаѓаше дома наполно несвесен и се будеше покрај мене како ништо да не било.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Татко ми беше службеник. Доаѓаше дома во пет.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
МАРТА: Домаќинка е, пазарела... и, така, си доаѓа дома со испазареното и влегува во скромничкана дневна од скромничката куќичка на скромничкиот Џозеф Котен кај што овој ја сместил...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многумина често ни доаѓаа дома, задоволни и понесени од разговорите за козите. Стануваа нови таткови пријатели.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но за неа беше уште понеобично што Татко никогаш, во ова време, не доаѓаше дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)