доаѓа (гл.) - време (имн.)

Стоеше таму со сламен шешир од 1920., подарен од некого... благите питачки зборови паѓаат по мрачната улица како мртви птици... (...) Постои само една работа за која писателот може да пишува: “За она што му е во сетилата во моментот на пишување...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” Цицам ужас од лузната прободена со игла, подводниот врисок на тапите нерви им праќа предупредување дека доаѓа времето на копнежот, печат угризите на беснилото...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Како да доаѓа времето во кое ќе се направи експлицитна дистинкција помеѓу она што е потребно како театарска естетика (вонинституционално миље) и партискиот упад во системот кој би требало да лиферува просечност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Доаѓаат времиња кога мудриот молчи, будалата зборува, а фукарата се богати! (Иво Андриќ)
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќ
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знев дека доаѓа време да си одам од него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некои киберпанкери сонуваат за тоа (барем засега) да направат хаос во тие системи. Можеби токму сега минуваат низ огромниот налет на младешко разочарување? „Никогаш не сум имал илузии”, одбива Св. Витус. „Не сум можел да си го дозволам тој луксуз. Денес доаѓа време во кое растејќи се соочуваш со прашањето: Што ќе правам со својот живот?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури ни коренот во длабочина не ќе ѝ избега на кобата. Сеедно, доаѓала пролетта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Туку, како да доаѓа времето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаат дека веќе доаѓа времето кога мора да заминат кај својата мајка и својот татко чии кадра одвај и да шавнуваа пред нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но кога доаѓа времето да се добие одговор, е, дури тогаш, настапува тежина на сцена.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И кога, по Втората светска војна, и од оваа и од онаа страна на границата, дојдоа на власт комунисти кои се колнеа првин во Сталин, Татко веднаш почувствува дека доаѓа времето што го навести рускиот белогардеец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)