дише (гл.) - чист (прид.)

Го отвори прозорецот и застана на него да дише чист воздух измешан со мирисот од расцутената јаболкница во дворот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Уживаме! Храната е така-така. Болна не сум. Друштвото е супер. Имам доволно пари. Јавете ми се на телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Му беше вечно благодарна на архитектот кој го дизајнирал оној што го нарекуваа ’градски’ (како другите да беа на периферија или не дај боже, селски) бидејќи таму, влегувајќи и излегувајќи од продавниците, барем можеше да дише чист воздух.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Навечер имаше забава. Одиме во градот, се шетаме, дишеме чист воздух.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)