дише (гл.) - низ (предл.)

Кучето преташе во кутијата, цимолеше, и Винко почесто запираше, го поткреваше палтото да може кучето полесно да дише низ отворот на кутијата, ќе му подадеше нешто за јадење за да го потсмири, но кучето луто и бесно, го исфрлаше тоа од устата и квичеше да излезе.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пожолтена ѝ врие крвта одгрутчена црвеница дише низ густо набрекната мрежа жили.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Со остатоците од свеста ѝ текна дека треба длабоко да дише низ нос, да не се исплаши, да одмори, со плеќи да се трие од нешто тврдо и да не заборави без престанок да движи и нозе и раце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го нема? Тогаш Кој дише низ окарината Кој ја лулее тишината Кој разговара со планината Кој извира од вирот Погоре од Манастирот? Кој?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Така ти е, - си мрмореше тој дури си седнуваше во фотелјата, шумно дишејќи низ нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Миризбата на крвта ми создаваше нагони за повраќање, но се сопирав и се обидував да не дишам низ нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)