дигне (гл.) - востание (имн.)

Како и да е, јас се радувам од душа и нека си зборуваат Груевци и компанијата, тие мислат и другата година да не го дигнат востанието, но како и да е, тоа само по себеси ќе дојде...’ Така заврши Сарафов воодушевен од новината солунска“200.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А биле готови тогаш кога во принцип било решено наскоро да се дигне востание. Не се знаел само денот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во годината кога се решило да се дигне востание во Македонија, не само што во Европа владеел мир, туку сите големи сили во судирот меѓу МРО и Турција биле на страната на последнава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Начинот на кој бил свикан конгресот, профилот на мнозинството од лицата што биле повикани (наместо да бидат демократски избрани) и што присуствувале на него, аргументите што биле употребени од Гарванов да се убедат “делегатите“ дека требало наскоро да се дигне востание и некој други елементи недвосмислено потврдуваат дека се одело свесно на востание не заради ослободување на Македонија туку од истите побуди од кои се раководел Врховниот комитет во постојаното инсистирање да предизвикуваат крвопролевање и палежи на македонските села.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јасно му се давало на знаење на нашето население дека е под контрола и дека ако се случи нешто слично на тоа што се случило во Солун, или ако се дигне востание, треба да очекува крвава одмазда.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И покрај овие јасни факти што им биле познати на сите оние што вршеле поважна функција во МРО, ЦК решил да се дигне востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, денес, кога во цела Македонија народот се разбунтувал и дигнал востание... кога Македонците се борат за правда и слобода, тие господа немаат кураж да го изјават пред еден граѓански суд она за кое народот се бори со оружје в рака.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)