дава (гл.) - кураж (имн.)

На сите нејзини воздишки и каења ѝ даваше кураж и ѝ ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сегде можев да свијам гнездо или да ги оставам коските, но некоја сила ме влечеше ваму... ми даваше кураж во сите таксирати...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И повторно, сама на себе си даваше кураж: „Не, не, во никој случај не смеам да бидам...“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тазе поповите се познаваа како мариовци уште од порано, та бидејќи поп Илија се наоѓаше во „грчки“ центар — во Битола (што му даваше кураж), колку го сретна Пројчета во тесното уличе пред дуќанот на Мушона Евреинот и Ристета бѕовиќанецот, застана пред него и почна да го навредува и предизвикува: — Оче наш, прчи паш, вати мачка за опаш . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И враќањето беше тешко; ја минав цела Русија, цела Романија, додека стигнав овде; ме фаќаа сите болести што војните ги оставиле: тифус, маларија, грип; некои ги прележував по пат, а некои по болниците; паѓав во трески, во огнови, во несвест, но се храбрев, си давав кураж да истраам, да се вратам жив...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но зборовите на мајка ѝ како ќе биде утре само таа в село писмена; како ќе може да чита „големи книги"; да пее в црква та дури и писарка на спаијата може да му стане и да вади добри пари, — сето тоа ѝ даваше кураж да издржи и редовно да ја посетува школата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)