губи (гл.) - работа (имн.)

Филмот што произлегол е поучна, предупредителна сказна за злото на разводот и за русвајот што го предизвикуваат независните жени.266 ‌Проблемите започнуваат кога сопругот на Милдред ја губи работата во текот на Депресијата и кога веќе не може да си го издржува семејството, што на крајот ја тера Милдред да преземе и таа да носи леб на маса и да стане – со тешка, самопрегорна работа – успешна, авторитетна и, најпосле, богата деловна жена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Самиот Кејн, и покрај неколкуте настојчиви барања, одбил да ги внесе измените што ги барал Валд, па Кетрин Турни, сценаристката што ги направила првите прилично верни адаптации на романот, на крајот побарала да ѝ се тргне името од шпицата на филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)