губи (гл.) - врска (имн.)

Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лесно е човекот да се откаже од самиот себе и никој не може да не однесе на работ на бездната и да не побутне освен ние самите!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ќе се обидам да докажам дека поимот дом ја губи врската со местото каде што живееме, исто како што концептуалниот дом се приближува кон еден динамичен медиум, вон хартиите и книгите што нè опкружуваат и го дефинираат просторот во кој живееме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се губи врската со времето кое фуриозно поминува, во душата настанува немир, судбината може да се пошегува на најсуров начин а осаменоста и тагата пристигнуваат со брзина на светлината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)