гради (гл.) - куќа (имн.)

Тогаш вас, кои ќе градите куќи, за лошо поставен камен, малку накриво или, пак, недај Боже, ќошот малку да е крив или ако под покривот ќе видат како се шмуга сонце, е тогаш, да знаете - ќе ве прогласат за народни непријатели и ќе кршите камен...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јани се поднамести, се навали и рече: - Вие, како сакате, ама јас по војната ќе си седнам на сонце пред селската таверна, ракиче, салатче денес, утре винце и печено пиленце и ќе си гледам од далеку, од далеку ќе гледам на планињето, ќе си спомнувам за ноќите неспани и тогаш ќе дремам, мајчината, ќе дремам сѐ додека не ги оддремам сите непреспиени ноќи..., а кога ќе се разбудам, тогаш ќе ве гледам вас, будалаците, како кршите и делкате камен, како градите куќи или палати и тебе како одиш не по свој ум...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Месеа кал од црвена глина со слама, па ги правеа сами керамидите и циглите за да градат куќа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога градиш куќа, градбата се крева, гледаш како расте пред тебе, и знаеш, макар и по многу маки, за крајот, за покривот што ќе следи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Мислам дека треба нешто да се направи за луѓето што ти ја градат куќата.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Гледаш луѓето градат куќи, дворови шират, кафеани отвораат, печалат и на гробови ич не гледаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се отсели Тане, а Оруш долго време размислуваше што да прави: да продолжи ли да ја гради куќата или не.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му пишуваше: - Чув, брате, си продолжил да ја градиш куќата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му отиде Тане на самиот ден кога почна да ја гради куќата, кога започнуваше да се прави адетот, кога требаше да се заколи јагнето за курбан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Па што има тука: и јазовци, ластовици градат куќи а не луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)