говори (гл.) - во (предл.)

И ние повторно си спомнуваме за неоплатониците (за кои толку често говорат во контексот на Ботеро), кои го гледаа светот и времето како можна цел на единството.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веројатно се работи за исти турски заемки кои се преземени и во другите балкански јазици? запраша Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За тоа сведочат и големиот број турски заемки со различно значење кои биле преземени во јудеошпанскиот што се говорел во Македонија, но и во другите средини на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му говорел во солзи за неколку запалени книги од една мадридска библиотека кои биле со изгорени корици, но со спасено срце.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турско-монголската фамилија е претставена со турскиот јазик, кој се говори во источна Тракија, грчка Тракија, во романска, во Македонија, на Косово.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Малку ли му се текстилните фабрики во Дренок, Пробиштип и Виница, малку ли му е заработувачката од дејноста што му ја овозможивме да влечка жени од Солунското пристаниште до кај нас, па уште и со статус на шеф на транзитната служба? – началникот си земаше слобода гласно да говори во мое присуство, очигледно свесен за тежината на проблемот од ваквата инволвираност на Гркот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И сето што е надвор од нас и разграничено од нас, и со сето останато што се разликува од нас и од него (од она, за кое говориме во дадениов момент) со просторот, макар и исполнет со воздух, ние тоа го нарекуваме предмет.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Пак ли тоа говори во Вас декадентниот Фројд?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашїй-отъ ѧзикъ, како що є познато, се дѣлитъ на две главни наречїѧ, отъ кои-то єдно-то се говоритъ во Болгарїѧ и Тракїѧ , а пакъ дрȣго-то во Македонїѧ.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“ од Партениј Зографски (1858)
А Баге, како и неколкутемина суспендирани соработници од другите редакции, од тој пристигнат материјал драматизираа скечеви, дијалози и вицеви, кои потоа вештите актери ги говореа во микрофон со гарнир од студиска музика и наштимуван аплауз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Осаменоста никогаш нема да те престигне, скриените желби говорат во тебе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)